Thursday, June 12, 2008

racionalna terapija

РАЦИОНАЛНА ТЕРАПИЈА

Основна цел

Со обезбедување на објективни,независни и евалуирани информации за лековите активно се промовира примената на фармацијата базирана на докази, а со тоа и рационалното препишување на лековите и нивната рационална употреба.

Фармакоинформатиката може да се дефинира како научна дисциплина чија основна задача претставува складирање, евалуирање и дистрбуирање на информации за лекови, употребувајќи ги инструментите и методите на компјутерските и комуникациските технологии.

Информациите за лековите можат да бидат наменети за посебни пациенти како интегрален дел од фармацевтската грижа или за останатата популација, со цел да допринесат во донесувањето на одлуките за рационална фармакотерапија и во евалуирањето на употребата на лекот.

Системот за дистрибуција на фармакотерапевтската информација и контролирањето на фармакотерапијата функционира одамна. Во овој систем се вклучени фармацевтите од од јавните и болничките аптеки, фармакоинформативните центри и сите други фармацевти.

Најдобар начин да се воведе рационалната терапија е преку организирана информациска мрежа, која континуирано собира, чува, оценува и комуницира со погодна информација за лекови.

Пристапот до клинички, навремени, независни, објективни и непристрасни информации за лековите, претставува основа за рационална употреба на лековите.

Лекарите, фармацевтите и пациентите имаат потреба од објективни информации.

Денес се наоѓаме во иформативна револуција, сведоци сме на енормниот пораст на информации во врска со лековите и изложени сме на ,,експлозија од информации,,. Од друга страна, пациентите добиваат коплексни режими на дозирање, а како резултат на полипрагмазијата зголемен е бројот на несаканите ефекти и интеракциите помеѓу лековите, како и постоењето на скапи и моќни лекови, потоа влијанито на фармацевтската индустрија врз лекарите кои препишуваат лекови како и не постоењето на единечен извор на информации додведува до потр ебата за објективни информации за лековите. Здравствените работници потребно е да бидат во тек со најновите случувања на полето на фармакотерапијата, за да можат да одговорат на потребите на своите пациенти.

Пристапот до објективни информации за лековите не гарантира нивна правилна употреба, но евалуирана информација претставува основен услов за рационална примена на лековите.

No comments: