ФАРМАКОЕПИДЕМИОЛОГИЈА
1. Проценка на ризик. Пресметување на атрибутивен и релативен ризик, и нивно значење во фармакоепидемиолошките студии
Одредувањето на ризикот е оцена која опишува колкав ризик асоцира со одредена екпозиција кај примерок од популацијата.
Проценката на ризикот може да ја квантифицира поврзаноста помеѓу екпозицијата и одреден лек или негативна реакција на лекот.
Овие измерени ризици стануваат многу важни во клиничкиот процес на одлучување и за пациентот и за лекарот.
Јасно дефинирање на дизајнот на студијата и изведувањето на оценувањето на ризиците, им дозволува на лекарите за да ја одредат нај сигурната оценка на ризиците за користење, особено при конфликтни резултати
Најдобар инструмент за процена на ризик е табела на евентуалност:
2 х 2 табела на евентуалност
болест/последица
ДА НЕ ВКУПНО
ДА А Б Вкупно експонирани
ЕКСПОЗИЦИЈА
НЕ Ц Д Вкупно неекспонирани
вк.со болест вк.без болест
Секој субјект може да е вброен само во една графа.
Лицата во графата А биле експонирани и развиле болест.
Лицата во графата Б биле експонирани но не развиле болест.
Лицата во графата Ц не биле експонирани но сепак развиле болест.
Лицата во графата Д не биле експонирани и не развиле болест.
Во табелата на евентуалност (веројатност) секој субјект во студијата се одредува во согласност со присуството или отсуството и на експозицијата и на последицата. Обично, последицата (пр. развој на болест, непријатана реакција на лекот) е одредена со слегувачко (вертикално) детерминирање, а статусот на експозицијата со хоризонтално одредување
Графата А и Ц го даваат вкупниот број на лица каде се развила болеста. Графата Б и Д го обезбедува вкупниот број на лица каде нема заболување. На крај, сумата од графите А, Б, Ц и Д го претставува вкупниот број на лица вклучени во студијата (големина на примерокот, или n).
Кумулативната инциденца може да се одреди од табелата 2Х2. со користење на табелата на веројатност.
Кумулативната инциденца се пресметува и од експонираните и неекспонираните групи како што следува:
CI експонирани=A/A+B CI неекспонирани=C/C+D
Релативен ризик
Еднаш кога инциденцата на последиците или заболувањата ќе бидат измерени и кај експонираната и неекспонираната група корисно е да се знае врската помеѓу екпозицијата и развојот на болеста.
Релативниот ризик (RR) е веројатноста за развој на заболување кај експонираната група во однос на неекспонираната група; тоа е мерка за асоцијативност помеѓу експозицијата и болеста.
Релативниот ризик претставува однос на кумулативната инциденца кај експонираната популација и кумулативната инциденца кај неекспонираната популација и се пресметува како што следи:
RR= CIекспонирани/CIнеекспонирани = (A/A+B)/(C/C+D)
Релативниот ризик еднаков на 1 значи дека всушност потврда на нулта хипотеза.
- Интерпретација на релативниот ризик
Релативен ризик Асоцијативност помеѓу експозиција и последиците
1 нема асоцијативност
<1 style=""> негативна асоцијативност/намалувачки ризик
>1 позитивна асоцијативност/зголемувачки ризик
Бројна пропорција
Бидејќи релативниот ризик претставува само пропорција на две инциденци, значи дека користењето на релативниот ризик кај case control студијата е бескорисно. Бројната пропорција (OR) служи за проценка на релативниот ризик во case control студијата. Во case control студијата субјектите се избираат во однос на статусот на заболувањето и потоа се спроредуваат за стапките на експозицијата. Бидејќи субјектите се избираат на почеток во однос на тоа дали имаат болест или не, истражувачите не можат да ја проценуваат инциденцата на заболувањето.Субјектите се со или без болест на почетокот на case control студијата.
Бројната пропорција се пресметува на следниот начин:
OR= (A/B)/(C/D) или OR=(AD)/(BC)
Кога се користи case control студијата нултата хипотеза изнесува, Н0:OR=1
Интерпретација на Бројната пропорција
Бројна пропорција Асоцијативност помеѓу експозиција и последици
=1 нема асоцијативност
<1 негативна асоцијативност/намалувачки ризик
>1 позитивна асоцијативност/зголемувачки ризик
Атрибутивен ризик
Атрибутивниот ризик (AR) или разлика од ризикот(RD) е друга мерка за ризикот, која се користи во студиите. Атрибутивниот ризик обезбедува информации за апсолутниот ефект на експозицијата. Го опишува зголемениот ризик на заболувањето кај експонираните споредени со оние кои не се експонирани.
AR= CIекспонирани - CIнеекспонирани или AR=(A/ (A + B))-(B/(C + D))
Атрибутивниот ризик им овозможува на испитувачите да го одредат морбидитетот и морталитетот, кој настанува со отклонување на експозицијата.
Атрибутивниот ризик со вредност 0 е еднаков на нултата хипотеза и значи дека не постои асоцијативност помеѓу експозицијата и последицата. Атрибутивниот ризик станува важен за службите кои имаат намера да вложат средства за намалување на експозицијата. Обезбедува информации за видот на ефектите кои може да се обезбедат со намалување или елиминација на експозицијата.
Нулта хипотеза за користење на состојбата со атрбутивниот ризик е Н0:AR=0.
Ова е малку поразлично од тестирањето на нулта хипотеза што се однесува на релативниот ризик и бројната пропорција.Нултата хипотеза значи дека двете групи се еднакви. Релативниот ризик и бројната пропорција се односи и се резултат на поделбата на ризикот во едната група со другата група. Заради тоа, двете групи имаат еднаков ризик, потоа релативниот ризик или бројната пропорција е еднаков на 1 и тоа значи дека се прифаќа нултата хипотеза. Наспроти тоа, атрибутивниот ризик е разлика, а не пропорција. Атрибутивниот ризик е производ на разликата на ризикот од едната група со другата.
Заради тоа ако двете групи имаат еднаков ризик, тогаш атрибутивниот ризик е еднаков на 0 и тогаш велиме дека нултата хипотеза се прифаќа.
Процентот на атрбутивниот ризик обезбедува оценување на пропорцијата на заболеноста помеѓу експонираните кои можат да и се препишат на експозицијата. Како и атрибутивниот ризик, обезбедува информации кои се однесуваат на пропорцијата на болеста кај експонираната група кои може да се превенираат со елиминација на експозицијата. Процентот на атрибутивниот ризик се преметува на следниот начин:
AR%= (CIекспонирани-CIнеекспонирани)*100/ CIекспонирани
AR%=[(A/(A+B))- (B/(C+D))]*100/(A/(A+B))
2. Кои се петте основни модели на фармакоепидемилошки студии?
- Дескриптивен (описен) метод
- Аналитички метод
- Експериментален метод
- Приказ на случај или серија на случаи (case report - case series) - дескриптивна студија за поединечен случај или збирка на случаи
- Cross - sectional studies - студии на преваленца, дескриптивна студија која ја анализира поврзаноста меѓу проблемот на една болест или употреба на лек и некои други особености кај луѓето во точно одреден период
Предности:
- Едноставно собирање на податоци;
- Податоци корисни за планирање на здравствени услуги;
- Обезбедуваат увид во поранешните студии на популацијата;
- Може да помогнат при предвидување на идното ширење на болеста.
Недостатоци:
- Не го покажуваат причинско - последичниот однос;
- Се однесуваа само на лицата кои се предмет на обсервацијата;
- Не се ефикасни ако стапката на заболувања е ниска;
- Не помагаат при предвидувања на идните настани.
- Case-control study - студија со контролен примерок - студија која ги споредува луѓето со одредена болест или проблем со луѓе (контрола) кои немаат болест, со следење на некои карактеристични варијабли - особености
Предности:
- Реално поизводлива бидејќи се потребни одреден број лица, брза е и не е скапа;
- Овозможува испитувања на неколку ризик фактори (мултипна ескпозиција) на една болест;
- Може да обезбеди доказ за поврзаност и можност за интервенција;
- Практична за испитувања на хронични заболувања со долг латентен период и за ретки заболувања.
Недостатоци:
- Групите (case - control) не се репрезентативни за цела популација;
- Не постои директна мерка на инциденца или преваленце;
- Не е ефикасна кога експозицијата е ретка;
- Покажува поврзаност, а не етиологија.
- Cohort study - кохортна студија, е студија на инциденца која ги мери, следи карактеристиките на одредена популациона група без одредена болест или проблем и која во тек на време ја развива болеста (лонгитудинална студија) Субјектите се избрани врз основа на состојбата на експозиција и двете групи (експонирани и неекспонирани), а потоа се следи дали развиле болест или не.
Предности:
- добра за ретки експозиции, проучува мултипни ефкети на една експозиција, проценува инциденци (релативен ризик)
Недостатоци:
- неефиксан за ретки болести, валидноста се губи ако не се обновуваат-проверуваат, воспоставува асоцијација но не каузалност
- Експериментални студии - клинички тестирања и интервентни студии дизајнирани да ги проценуваат резултатите-разликите меѓу два или повеќе типа на третман или интервентни групи
Пресметковни операции во фармакоепидемиологијата:
Mt= Број на смртни случаи во популацијата/Вкупен број на луѓе во популацијата
P= Број на постоечки случаи во населението/ Вкупен број на луѓе во популацијата
PP= Број на болни луѓе за време на одреден период// Вкупен број на луѓе во популацијата
I= Број на нови случаи во одреден период// Вкупен број на луѓе во популацијата
3. Фармакоепидемиологија - избор на примерок
- Нерандомизиран примерок (секоја единица има позната шанса за селекција)
- Систематски примерок (пр. Секој десети член)
- Едноставен рандомизиран примерок (секоја единка во рамката има подеднакви шанси да биде селектирана, а тоа се прави или со табела на случајни броеви, комјутер..)
- Слоевит (стратифициран) рандомизиран (популацијата прво се дели по групи по некој карактеристичен параметер, а после како претходниот)
- Кластерски примерок (претходна поделба по кластери)
4. Извори на информации во фармакоепидемиолошките истражувања.
1) На ниво на институција (извештаи и датотеки)-клиники, болници
2) На ниво на здравствениот систем (извешати од повеќе сегменти на иинституции: ПЗЗ, болници, клиники; ФЗО, фармацевтските организации, комерцијални студии на веледрогерите, групи или асоцијации на пациенти и сл.)
3) Национални датотеки (студии спонзорирани од владата, регистри на болести, есенцијална и други видови листи -позитивни и сл.; фарамокепидемиолошки студии НИЦЛ)
4) Теренски податоци (податоци од аптеки, веледрогерии, дистрибутери; навики за препишување и употреба на лекови, помали групи)
5) Експериментални податоци
5. Фармакоепидемиологија
Како еден од централните јавно-здравствени методи - епидемиологијата може да се смета како научен пристап (метод) за студирање - анализа на болестите на луѓето и воопшто здравствените проблеми
Епидемиологијата користи :
- научни методи но и
- специфични постапки за нумеричка евалуација и обсервација на болестите и ризиците по здравјето
- за разлика од клиничката медицина и фармација (пристап кон поединецот-пациентот) - предмет на опсервација се општи или специфични популациони групи
Во фармацијата - епидемиологијата ги користи овие методи за анализа на појавата и дистрибуцијата на употребата на лековите и со тоа врзаните проблеми (примена и во анализа на ефектите од лековите, клиничките тестирања и др.)
Епидемиолозите ги категоризираат болестите или употребата на лековите по : време, место и лица (дали една болест или појава се менува во одредено време на одредено место кај одредена популација), како една состојба - болест се менува со цел да се воспостави механизам за нејзина превенција или контрола
Фармакоепидемиологијата - развива концепти и методи за процена на употребата на лековите (идентификација на потенцијалните или утврдените ризици при тоа)
Епидемиолошкиот метод во Фармакоепидемиологијата овозможува теориска основа за испитување на изворите за снабдување со лекови, движењето на лековите низ популацијата како и ефектите на поединци при употребата на тие лекови а во поново време и нелегалната (зло)употреба на лекови или лековите како можни предизвикувачи на болести
Фармакоепидемиологија во пракса
Предмет на интерес е :
- што е тоа што се употребува (кој тип на лек и во кој случај)
- како се употребува (процена на начинот на употреба, вклучувајки колку, каде и кога и од кого)
- зошто се употребува (анализа на причините за употреба на лекови и улогата на лековите во општеството)
- процена на потребите од лекови согласно вообичаената структура на болести и епидемии
- планирање на селекција, снабдување и дистрибуција на лекови
Проблеми кои се решаваат
Медицински аспекти на употребата на лекови
- Поволни ефекти од употребата на лековите
- Ризици (на пр. несакани реакции и ефекти) од терапијата
- Несоодветно препишување на лекови
- Ирационална пракса за само-медикација
- Недоволни резултати од употребата на лековите
- Кост-ефективност на терапијата со лекови
Немедицински аспекти на употреба на лекови
- Социјално-рекреативна употреба на лекови и врзаните проблеми
- Акутни инциденти од токсичноста на лековите
- Епидемии и извори на епидемии од лековите
6. Фармакоепидемиологија - основни епидемиолошки варијабли во пракса
- Независна варијабла - Изложеност (пиење на кафе)
- Зависна варијабла -Болест (срцева болест)
- Дополнителна (збунувачка) варијабла (пушење)
- Независна варијабла - Изложеност (пушење)
- Зависна варијабла -Болест (срцева болест)
- Дополнителна (збунувачка) варијабла (пиење на кафе)
Гордонов епидемиолошки тријас
- Домаќин (внатрешен фактор - intrinsinc) - носителот на причинскиот агенс на болеста или здравствениот проблем: човек, склоност, осетливост кон агенсите, генетски особености, физиолошка состојба, етнички фактори, животни навики, однесување и сл. на пр. корисник на одреден лек
- Агенс (етиолошки фактор) - предизвикувачот - причинскиот агенс на болеста (контагион), тука може да влезат и разните фактори на конкретен ризик: со исклучок на агенсите на инфективни болести тука влегуваат и на пр. разни нутритивни дефицити, изложеност на хеимсики агенси - лекови или контакт со физички агенси. На пр. одреден лек
- Средина (надворешни фактори- extrinsinc) - збир на фактори и услови кои влијаат на преживувањето и преносот на агенсот: ја вклучуваат физичката околина (клима, геологија..) биолошката околина (хуманата популација, флора, фауна) или социо-економската популација (на пр. занимање, организација, економски развој..). На пр. одреден аспект на употреба на лекот
No comments:
Post a Comment