Wednesday, June 11, 2008

FIC

ФИЦ

1. Зошто се потребни објективни информации за лековите и какви се информации за лековите се дистрибуираат од фармакоинформативните центри?

Денес се наоѓаме во иформативна револуција, сведоци сме на енормниот пораст на информации во врска со лековите и изложени сме на ,,експлозија од информации,,. Од друга страна, пациентите добиваат коплексни режими на дозирање, а како резултат на полипрагмазијата зголемен е бројот на несаканите ефекти и интеракциите помеѓу лековите, како и постоењето на скапи и моќни лекови, потоа влијанито на фармацевтската индустрија врз лекарите кои препишуваат лекови како и не постоењето на единечен извор на информации додведува до потр ебата за објективни информации за лековите. Здравствените работници потребно е да бидат во тек со најновите случувања на полето на фармакотерапијата, за да можат да одговорат на потребите на своите пациенти. Како резултат на тоа се јавува потреба од постоење на високопрофесионална институција која ќе се занимава со акумулација, евалуација, интегрирање и дистрибуција на информации за лековите и фармакотерапијата. Информациите кои се дистрибуираат од фармакоинформативните центри се однесуваат на изборот на лекот, негова идентификација и паралели со други лекови, дози и начин на употреба, фармакокинетски и фармакодинамски параметри, несакани дјства, индикации, интеракции, контраиндикации. Овие информации можат да бидат наменети за поедини пациенти како интегрален дел од фармацевтската грижа, или пак за останатата популација со цел донесување одлуки за рационална фармакотерапија и во евалуацијата на употребата на лекот. Пристапот до објективни информации претставува наједноставен, најефтин и најефикасен начин за подобрување на здравствената заштита. Фармакоинформатика е дисциплина чија основна цел е акумулација, евалуација и дистрибуција на информации за лекови, користејќи ги инструментите и методите на компјутерските и комуникациските технологии. Фармакоинформативните центри претставуваат извор на непристрасни и критички евалуирани информации од сите аспекти на употреба на лековите.

2. Фармакоинформативни центри? Улога и задачи на фармакоинформативните центри?

Центар за давање информации за лекови: поседува мултидисциплинарен тим ; се фокусира на акумулација, евалуација, и давање на информации за лекови на локално, национално и интернационално ниво; има значајно место во имплементацијата и одржувањето на рационалното препишување на лекови.

Основни задачи се на центарот за давање информации за лекови се:

- одговарање на прашања поставени од страна на здравствените работници и јавноста

- давање на објективни информации

- евалуација на нови лекови

- подршка на рационалното препишување на лекови

- соработка со регулаторни тела - едукација на здравствените работници, јавноста и студентите од фармација и медицина.

Првиот ФИЦ бил отворен 1962 г во склоп на Универзитетот Кентаки во САД, со цел да биде “извор на селектирани и разбирливи информации за проценка и споредба на лековите, наменети за лекарите и стоматолозите”. Денес постојат голем број на ФИЦ ширум светот, оргабнизирани на локално, регионално и национално ниво.

ФИЦ преставува извор на непристрасна(објективна) и критички евалуирана информација од сите аспекти на употреба на лековите. Пристапот до клинички, навремени, независни, објективни и непристрасни информации за лековите,претставува основа за рационална употреба на лековите. Лекарите, фармацевтите и пациентите имаат потреба од објективни информации. Пристапот до објективни информации за лековите не гарантира нивна правилна употреба, но евалуираната информација претставува основен услов за рационална примена на лековите. Достапноста до најновите, независно и релевантно евалуирани информации е клучен фактор за нивна правилна примена. Квалитетни се оние информации кои се научно валидни и кои што ги објаснуваат научните консензуси. Постоењето на објективни информации за лековите и нивната примена во терапијата на болести, симптоми и синдроми претставува основа за рационална фармакотерапија.

За обезбедување на релевантни, ефикасни информации, фармацевтите треба да ги: проценуваат потребите за фармакоинформации од страна на пациентите и здравствените работници , да користат систематски приод во упатувањето на потребата за фармакоинформации добиени со ефективно проценување на литературата и соодветно комуницирање. Системот за дистрибуција на фармакотерапевската информација и контролирањето на фармакотерапијата функционира одамна. Во овој систем се вклучени фармацевтите од јавните и болничките аптеки, фармакоинформативните центри и сите други фармацевти. Најдобар начин да се воведе рационална терапија е преку организирана информациска мрежа, која континуирано собира, чува, оценува и комуницира со погодна информација за лекови.

Фармакоинформативните центри како високопрофесионален и стручен информативен сервис на здравствените работници од примарната, секундарната и терциерната здравствена заштита, имаат основна цел да обезбедуваат објективни, релевантни информации за сите аспекти на употребата на лековите (идентификација и паралели на лековите, дози и начин на употреба, фармакокинетика, тераписка ефикасност, интеракции на лековите, индикации, контраиндикации, лек од избор). Зависно од активноста која ја вршат се сместени во болниците, на факултетите по фармација и во други медицински институции. Значаен дел од активностите на ФИЦ се насочени кон евалуација на новорегистрирани препарати, промовирање на принципите на рационално препишување на лекови, воведување и примена на есенцијални и други приоритетни листи на лекови и стандардни терапевтски водичи. Оние кои се сместени во болниците и медицинските центри се ориентирани кон услуги од болнички карактер, додека оние сместени во Факултетските институции покрај услужната вршат и едукативна активност.

Специфицните должности што ги има раководното лице се: овластување и одобрување на плановите и процедурите, обезбедување развојни програми за персоналот, обезбедување клиничка поддршка на персоналот, учество во активностите за евалуирање на квалитетот на работата, одрзување на врски со други ФИЦ, клинички центри и други здравствени институции, унапредување на истражувачките активности, координација на професионална едукациија и друго. Важен елемент за ФИЦ е системот на евалуација на работата, кој треба да биде систематизиран и ефикасен. За да некој метод на евалуирање биде средство за напредок во работата, мора да биде објективен, тековен и базиран врз клучните одговорности во работата

Главна цел на ФИЦ е подобрување на технологијата и едукацијата со што се зголемува бројот на средства, референци и стручен кадар, а тоа значи и подобра здравствена заштита. Со напредокот на Фиц се забрзува и фармацевтската мисионерска улога, со што се добиваат клинички релевантни, современи, независни и безпредрасудни информации.

Фармацевтите денес мора да поседуваат знаења кои бараат интегрирање на информациите и искуствата за нега на пацинтите со што се овозмозува донесување на компетентни одлуки за пациентот.

Актуелните планови и процедури на еден фармакоинформативен центар зависат од опсегот на услугите. Тие се поделени на:

- Административни (набавка и одржување на средствата, набавка на финансиски средства, обука и ангажирање на персонал, реклама и контрола на квалитетот).

- Професионални (примање пораки и одговор на пораки, професионална едукација, издавање брошури, контрола на истражувачка употреба на лекови, разгледување на извештаите за контраиндикации).

Во рамките на еден центар постои и интерна библиотека која располага со примарна, секундарна и терцијарна литература од областа на фармацијата и медицината.

Активностите на ФИЦ се: услужна дејност,едукација и истражување

1.Во услужна дејност спаѓа одговарање на прашања,евалуација на промотивен и клинички испитуваниот материјал и издавање на публикации.

a) Одговарањето на прашања претставува интегрален дел од секојдневната рутина на фармацевтите. Тие објективно ја проценуваат и применуваат информацијата од литературата и при тоа вннимателно го разгледуваат етичкиот и законскиот аспект на одговорот на барањето. При одговарање се даваат информации и совети, земајќи ги во предвид симптомите на болеста, дозирањето, фармакогенетиката на лекот, индикациите, несаканите ефекти, интеракциите и контраиндикациите. Целта на ефективната комуникација е да се обезбеди точно и јасно презентирање на одговорот. За начинот на презентација на одговорот битно е да се знае за кој аудиториум е наменет. При подготовка на одговорот, фармакоинформатичарот ги евалуира информациите според:

- релевантноста на прашалникот; квалитетот на податоците; релевантноста на побарувачот.

Доколку одговорот не е даден навреме или пак не е разбирливо кажан целиот напор се смета за бескорисен. Барањата и одговорите на пациентот се документирани во медицинско досие на пациентот.

b) Евалуација на промотивниот и клинички испитуваниот материјал. Фармакоинформатичарите треба да ја утврдат важноста и прецизноста на сродните податоци за лекови, кои потекнуваат од рекламните материјали и клинички испитуваните документи.

v) Издавање на публикации. Оваа активност се состои во евалуирање и дистрибуција на информации за примена на лековите во терапија, вклучувајки ја ефикасноста, сигурноста и терапевтската улога. Со оваа активност центрите се насочени:

- кон евалуација на нови регистрирани препарати; промовирање на принципи за рационално препишување на лековите; следење на односот помегу ефикасноста на лековите и нивната цел; воведување и примена на есенцијална и болничка листа лекови; воведување на други приоритетни листи на лекови и стандардни терапевтски водичи.

2.Едукативна дејност. Треба да се обезбедат програми за обука и едукација, кои

ќе ги зголемат способностите на персоналот за комуникација, пронаоѓање информации, собирање податоци и прецизно размислување. Целите се двонаменски:

a) Да се обезбеди обука за студентите по фармација за подобрување на основните способности за фармакоинформатиката, за да може да функционираат како ефективни извори и консултанти за лекови.

b) Да се обезбеди место каде сто ке се обучуваат здравствените работници.

3.Истражувачка дејност. Задачата за истражување е да се даде креативен придонес во областите на информативната практика за лекови, во развојот на политиката за лекови и во медицинскиот критериум. Стручната и професионалната насоченост овозможува да се дадат веродостојни информации за лекот и рационална фармакотерапија. Рационалната фармакотерапија бара квантитативна проценка и критична оценка за дејството на лекот. За тоа неопходно е да се знаат основните механизми за дејството на лекот и фактори кои влијаат на судбината на лекот во организмот.

Може да утврдиме дека фармакоинформативните центри се ефикасни системи за координирано обезбедување и селектирање на информациите за лекови.

Еволуцијата на фармакоинформативните центри наидува на многу тешкотии кои мора да бидат препознаени и надминати. Предизвиците се пренесуваат од здравствената заштита до

фармацијата и фармако-информативните центри и притоа се зголемуваат и можностите за нивно остварување. Иднината на фармакоинформативните центри претставува голема поддршка на фармацијата и зголемување на професионалната улога на фармацевтите.

3. Активности на Фармакоинформативните центри

Активностите на ФИЦ се: услужна дејност,едукација и истражување

1.Во услужна дејност спаѓа одговарање на прашања,евалуација на промотивен и клинички испитуваниот материјал и издавање на публикации.

а) Одговарањето на прашања претставува интегрален дел од секојдневната рутина на фармацевтите. Тие објективно ја проценуваат и применуваат информацијата од литературата и при тоа вннимателно го разгледуваат етичкиот и законскиот аспект на одговорот на барањето. При одговарање се даваат информации и совети, земајќи ги во предвид симптомите на болеста, дозирањето, фармакогенетиката на лекот, индикациите, несаканите ефекти, интеракциите и контраиндикациите. Во практиката, фармацевтот кој ја дава информацијата на пријателски, доверлив, тактичен и констрктивен начин, допринесува за создавање на “врска со јавноста” и за поголема доверба во нивната професија од страна на пациентите. Одговарањето на прашањата ја носи истата професионална одговорност како и другите фармацевтски задачи. Информациите може да се разменуваат со усмена или пишана комуникација. Целта на ефективната комуникација е да се обезбеди точно и јасно презентирање на одговорот. Во 1975 година е претставен систематски пристап за одговарање на прашањата за информации на лекови, кој се состои од неколку фази и тоа:

1.Обезбедување демографски податоци за барателот на информацијата

2. Обезбедување дополнителни податоци

3. Одредување на вистинското прашање и негова класификација

4. Планирање и изведба на претрагата

5. Евалуација, анализа и синтеза

6. Формулирање и давање на одговорот

7. Проверка, следење и документирање

Принципите на систематскиот пристап се користат во обезбедување на квалитет во одговорите, развивање и зголемување на програмите и предавањето на информациски вештини. За начинот на презентација на одговорот битно е да се знае за кој аудиториум е наменет.

Шест чекори при одговарање на поставените прашања:

1. Идентификација на побарувачот

2. Класификација на барањето

3. Добивање додатни информации за прашањето

4. Литературна претрага и нејзина евалуација

5. Формулирање и спроведување на одговорот

6. Следење

Секој побарувач има различен поглед на начинот на побарувањето и пристапот, па затоа крајниот одговор ќе се разликува за секој побарувач. Квантитетот на биографските податоци мора да биде доволен, односно да постои продуктивна размена на информации. Се смета дека најдобро е кога поставувањето прашања и одредувањето одговори е преку дијалог и дека за време на таа размена текот и точната формулација на секое прашање зависи од текот на вербалната интеракција. Битно е побарувачот да го потврди конечното прашање пред категоризацијата и развивањето на стратегија за пребарување, односно дискусијата мора да е тактична и ориентирана кон задржување на заедничката цел на побарувачот и фармакоинформатичарот. Категоризацијата на конечното прашање го поттикнува процесот на селекција на изворите. Кога се избрани изворите, тие се приоритетизираат врз основа на можноста за располагање со саканите информации или податоци.

При подготовка на одговорот, фармакоинформатичарот ги евалуира информациите според:

- релевантноста на прашалникот; квалитетот на податоците; релевантноста на побарувачот.

Употребата на добри комуникациски вештини, од сигурно поставување до точен изговор на сите термини, е мошне важна за идеална подготовка на одговорот.Доколку одговорот не е даден навреме или пак не е разбирливо кажан целиот напор се смета за бескорисен. Барањата и одговорите на пациентот се документирани во медицинско досие на пациентот. Темелната документација е неопходна при намалување на одговорноста и поттикнување на континуираното работење. Методот на документацијата може да биде едноставен формулар или обемен преглед и сумирање на сите извршени процеси. Документацијата е важна за квалитетот на евалуацијата и други подобрувања на перформансите и активностите на раководење.

Центрите се карактеризираат со широк спектар на различни типови одговори, што бара разновидни способности.

б)Евалуација на промотивниот и клинички испитуваниот материјал. Многу е битно фармакоинформатичарите треба да ја утврдат важноста и прецизноста на сродните податоци за лекови, кои потекнуваат од рекламните материјали и клинички испитуваните документи. Медицинските списанија и статии се дополнителни извори на податоци за лекови и ваквите извори бараат понатамошна евалуација. Таа започнува со темелно испитување на студијата, издадена во реномирани списанија

в) Издавање на публикации. Оваа активност се состои во евалуирање и дистрибуција на информации за примена на лековите во терапија, вклучувајки ја ефикасноста, сигурноста и терапевтската улога. Овие информации ќе бидат достапни до сите здравствени работници преку издавање и дистрибуција на билтени, списанија и др. Со оваа активност центрите се насочени:

o кон евалуација на нови регистрирани препарати;

o промовирање на принципи за рационално препишување на лековите;

o следење на односот помегу ефикасноста на лековите и нивната цел;

o воведување и примена на есенцијална и болничка листа лекови;

o воведување на други приоритетни листи на лекови и стандардни терапевтски водичи.

Преку публикациите јавноста се запознава со најновите информации за сите нови лекови што се на пазарот, а тие информации се обновуваат неколку пати годишно. Проценувањата на вредноста на новите производи треба да бидат прецизни и сигурни, бидејќин а тој начин се обезбедува рационална и ефективна фармакотерапија. Публикациите ќе бидат поефикасни ако се во соласност со следните принципи: да бидат ориентирани кон одредена цел, да се нагласуваат и повторуваат неколку клучни пораки; даб се освои вниманието со насловите и илустрациите; да бдат релевантни; да не се користат за комерцијални цели.

2. Едукативна дејност. Треба да се обезбедат програми за обука и едукација, кои

ќе ги зголемат способностите на персоналот за комуникација, пронаоѓање информации, собирање податоци и прецизно размислување. Целите се двонаменски:

a) Да се обезбеди обука за студентите по фармација за подобрување на основните способности за фармакоинформатиката, за да може да функционираат како ефективни извори и консултанти за лекови.

b) Да се обезбеди место каде сто ке се обучуваат здравствените работници.

Центрите учествуваат во работа на факултетите по фармација, особено за нивно здружување. Тие се важнакомпонента во студиските програм за фармација, каде што студентите го изучуваат основниот цонцепт на овие центри. Центрите треба да имаат носечка структура, слична на онаа од академските и образовните институции. Целиот персонал треба да има можност за прифатлива обука и подобрување на нивните способности. Тие стекнуваат темелна обука од областите: патофизиологија, фармакоинформатика, клиничка фармакологија и друго, со што се зголемуваат нивните информативни способности. Способноста за комуницирање се смета како карактеристика на фармацевтската можност да се пренесуваат информации до лекарите и пациентите. Постојано се организираат семинар ии состаноци на кои се разменуваат знаења и информации. Кога ќе биде подготвен, професионалниот персонал треба да е охрабрен да ги преземе релевантните истражувачки активности.

3.Истражувачка дејност. Задачата за истражување е да се даде креативен придонес во областите на информативната практика за лекови, во развојот на политиката за лекови и во медицинскиот критериум. Стручната и професионалната насоченост овозможува да се дадат веродостојни информации за лекот и рационална фармакотерапија. Овие информации се базираат врз релевантна фармаколошка и клиничка литература. Рационалната фармакотерапија бара квантитативна проценка и критична оценка за дејството на лекот. За тоа неопходно е да се знаат основните механизми за дејството на лекот и фактори кои влијаат на судбината на лекот во организмот. Добро изведените клинички испитувања претставуваат драгоцена помошза здравствените лица во донесувањето на терапевтски одлуки. Сите испитувања направени од фармакоинформативните центри треба да бидат добро сочувани.

4. Улога и значење на фармакоимформатичарот во здраствениот систем

Вистинската улога на фармацевтот се состои во познавање на сигурна и рационална фармакотерапија. Добивањето на информации за лековите секогаш било дел од фармацефтската практика. Обезбедувањето на информации како за јавноста така и за здравствените работници од сите нивоа на здравствена заштита претставува една од основните професионални одговорности на фармацевтите. Информациите за лековите можат да бидат наменети за посебни пациенти како интегрален дел од фармацевтската грижа или за останатата популација со цел да допринесат во донесувањето одлуки за рационална фармакотерапија и во евалуирањето на употребата на лекот. Фармацетската грижа претставува одговорна мерка за фармакотерапијата со цел да се постигне резултат кој ке го подобри здравјето на пациентот. Еден ефективен фармакоинформатичар ги забележува и евалуира потребите од информации за лекови, комуницира и ги селектира податоците од стручната литература и други извори како дел од фармацевтската грижа. Зголемувањето на способностите за евалуација на стручната литература помага во одредувањето на ефикасни начини за фармакотерапевтските предности на лековите и недостатоците за подобра грижа за пациентот.

Задачи на фармакоинформатичарот се:

· да даде одговор на поставените прашања од страна на барателот и тоа по извршена категоризација на прашањето и развивање на стратегија за пребарување(селекција на извори), евалуација , анализа и синтеза на информациите. Одговорот треба да биде јасен прецизен, сеопфатен и навреме доставен (усно или писмено).

· да ги промовира принципите за рационално препишување на лекови

· да го поттикнува и промовира креирањето и користењето на есенцијална листа и други приоритетни листи како и разни фармацевтски водичи.

· да се обиде да влее доверба кај пациентот во неговата професија

· да води уредна документација за барањата, одговорите и заклучоците од претрагата

· Фармакоинформатичарот претставува врска мегу лекарот и пациентот.

5. Системски пристап при одговарање на поставени прашања во фармакоинформативен центар

Чекор 1. Обезбедување демографски податоци за барателот на информацијата

Има за цел да одреди кои натамошни историски податоци ќе бидат потребни, кои литературни извори ќе бидат користени и каква ќе биде презентацијата на одговорот. Затоа се потребни информации за професијата, специјалноста, степенот на стручност, како и начинот на контакт при давање на одговорот - адреса, телефон, е-маил, што зависи од

видот на одговорот - вербален или пишан.

Чекор 2. Дополнителни податоци

Мора да бидат доволно сеопфатни со една единствена цел - од иницијалното, почетно, прашање да се дојде до вистинското прашање и да се изврши негова класификација. Неопходно е да се знае дали се работи за конкретен случај или е научно прашање.

Ако е конкретен случај, треба да се добијат информации за состојбата на болеста, употребени лекови и нивно дозирање, возраст, пол, висина, тежина, други заболувања, лабораториски резултати.

Потребно е да се знаат и литературните извори кои барателот претходно ги консултирал, со цел да се провери нивната веродостојност, а и да се детерминира кои извори натаму ќе се користат.

Чекор 3. Одредување на вистинското прашање и негова класификација.

Од информациите добиени во претходниот чекор, давателот на одговорот треба да е во можност да го формулира вистинското прашање, кое може, но не мора да е идентично со почетното, а кое треба да биде потврдено од барателот на информацијата.Се договара и временската рамка во која ќе се презентира одговорот, а потоа се врши класификација на барањето, со цел да се развие стратегија и да се селектира литературниот извор кој ќе се употреби.

Чекор 4. Стратегија на претрага

Врз основа на извршената класификација на прашањето се селектираат изворите кои веројатно ја содржат бараната информација. Прво се консултираат терциерните, секундарните и примарните, во зависност од степенот на стручност на барателот на информација, како и изворите кои тој претходно ги консултирал.

Чекор 5. Евалуација, анализа и синтеза

Се врши критичка евалуација на користената литература и синтеза на информациите добиени од различни извори.

Чекор 6. Формулирање и давање одговор

Одговорот може да е во пишана или усмена форма во зависност од итноста и обемот на претрагата. Усмениот одговор е почест и нужно бара целосна запознаеност со проблематиката од која област било прашањето и подготвеност за нови прашања. При давање одговор мора јасно да се прецизира кое делување или терапија е поповолно и тоа да се поткрепи со литература.Но, ако во литературата се содржани конфликтни информации, неопходно е аргументирање кое се состои од 5 чекори:

1. Претставување на спротивставените ставови

2. Презентирање на консултираните извори и прецизирање на

супериорното мислење

3. Оспорување на клучните предности и изнесување на недостатоците на

послабото мислење

4. Одбрана на главните недостатоци и промовирање на предностите на

супериорното мислење

5. Утврдување на конечната проценка како подршка на супериорното

мислење

Во секој случај, одговорот мора да е прецизен, јасен и сеопфатен.

Чекор 7. Проверка, следење и документирање

Со проверката се утврдува дали одговорот е соодветен и комплетен. Следењето е процес на повторно навраќање на барањето како резултат на достапност на нови податоци или промена на условите кои биле клучни за донесувањето на одредена одлука. Со ова се потврдува и стручноста на информаторот. Неопходна е и целосна документација на процесот. Во формуларот треба

да е содржано вистинското прашање (потврдено од барателот), консултираната литература, одговорот и евентуалната проверка и следење.

6. Улога и значење на Националниот Фармакоинформативен Центар?

Во склоп на Националната стратегија за употреба на лекови која Министерството за здравство почна да ја развива и воспоставува во соработка со СЗО во 1994 година, утврдена е потребата, и покрената иницијатива за основање на фармакоинформативен центар во Република Македонија. Во 1997 година се оформи и почна сосо работа Националниот фармакоинформативен центар (НФИЦ). Центарот е сместен на Фармацевтскиот факултет во Скопје и има за цел да обезбедува објективни информации за сите аспекти на употребата на лековите (идентификација и паралели на лекови, дози и начин на дозирање, фармакокинетика, тераписка ефикасност, интеракции меѓу лековите, индикации, контраиндикации, лек од избор) до сите здраствени работници

Дел од информациите на НФИЦ се достапни за здравствените работници преку билтенот за лекови - “ИНФОФАРМ”

Задачи на центарот за давање информации за лекови:

  • Одговарање на прашања поставени од страна на здраствени работници и јавноста
  • Давање на објективни информации
  • Подршка на рационално препишување на лекови
  • Евалуирање на нови лекови
  • Соработка со регулаторните тела
  • Едукација на здраствените работници, јавноста и студентите по фармација и медицина
  • Припрема и дистрибуција на билтенот за лекови “ИНФОФАРМ”

Типови на литература која е достапна во центарот :

  • Примарна

( медицински, фармацевтски и други стручни списанија)

  • Секундарна

(Micromedex, Pharmline, Medline)

  • Терциерна

( Публикувана стручна литература, Medline и извори достапни преку Интернет)

No comments: