Wednesday, June 11, 2008

Farmakoekonomija

ФАРМАКОЕКОНОМИЈА

Фармакоекономијата ја проучува економската оправданост од примената на современите скапи терапевтски пристапи во тестирањето на одредени болести во однос на терапевтскиот ефект кој се постигнува со примена на истите. Фармакоекономијата е научна дисциплина која може да обезбеди највисок можен степен на квалитетен живот на луѓето на кои неопходно им е потребна одредена терапија во услови на лимитирани монетарни ресурси.

Фармакоекономијата може да се дефинира како:

- Научна дисциплина, која во своите испитувања врши евалуација и компарација на тршоците настанати при спроведување на одредена терапија во однос на резултатите (консеквенците) од истата ин а тој начин овозможува рационална примена на здарвствените ресурси во обезбедувањето на квалитетен живот;

- Научна дисциплина која врши евалуација и презентација на едно сеопфатно множество на резултати кои ги опишуваат последиците од употребата на некој лек. Ове множество ги опфаќа влијанието на новиот лек врз чинењето на здравствената заштита, врз индивидуалниот квалитет на животот, врз индивидуалниот функционален статус и продуктивноста, како и влијанието на лекот врз оние Што ја даваат здравствената заштита, семејството и општеството.

Донесувањето на критични одлуки во однос на употребата на одредени лекови, ограничувањето на лековите при одредена терапевтска примена, оформувањето на терапевтска стратегија за третирање на посебни состојби на одредени заболувња е единствено можно доколку тие одлуки се базираат на податоци добиени од фармакоекономските анализи. Идентификацијата, квантификацијата и компарацијата на настанатите трошоци и добиените резултати за спреведената терапија, во фармакоекономските студии се вршат врз основа на добиените резултати од клинички испитувања (позитивен или негативе исход), резултати од страна на пациентите (соодветни изјави на пациентите) и резултати од економска гледна точка (се однесуваат на трошоци кои се поврзани со терапијата).

Во фармакоекономските анализи разликуваме три видови на трошоци:

1. Директни трошоци:

- Директни медицински трошоци -се однесуваат на трошоците поврзани со лекот и медицинската грижа и во себе ги вклучуваат трошоците за примена на лекот, како и трошоците од евентуалната појава на несакани ефекти на лековите;

- Директни немедицински трошоци - се однесуваат на средствата кои се потребни за спроведување на терапијата, трошоците на социјалната служба, службата за домашна посета.

2. Индиректни трошоци се трошоци настанати како резултат на појава на определено заболување и во себе ги вклучуваат отсуството од работното место, отсуството од училиште и др. Иако овој вид на трошоци не се општо прифатени како битни трошоци, тие можат значајно да влијаат врз комплетно настанатите трошоци во спроведувањето на терапијата

3. Неопипливи трошоци се трошоци кои многу тешко се конверзираат во материјални средства. Овие трошоци се поврзани со болката, страдањето од болеста, добросостојбата и квалитетот на животот на пациентите.

Постојат четири типови на фармакоекономски студии кои успешно се применуваат во анализата на лековите:

1) Анализа на трошковна минимизација(Cost - Minimization Analysis)

2) Анализа на трошковна-ефикасност(Cost - Efficiency Analysis)

3) Анализа на трошковна-употребливост (Cost – Utility Analysis)

4) Анализа на трошковна корист/добивка(Cost - Benefit Analysis)

Овие анализи се разликуваат во однос на тоа дали терапевтските консеквенци се мерат монетарно (трошковна корист), во физички единици (трошковна ефикасност) или мерки за квалитетот на животот (трошковна употребливост) или пак се сметаат за еднакви (трошковна минимизација).

Cost-Minimization Analysis (CMA) Оваа студија зазема главно место во истражувачката методологија.Со неа се споредуваат трошоците помеѓу две или повеќе различни терапии. За да анализата биде соодветна, резултатите од примената на еден лек наспроти друг лек, или еден лек наспроти различно медицинско лекување мора да бидат клинички идентични кај слични случаеви на пациети т.е. клиничката ефикасност да е подеднаква кај двете лекувања. Доколку со користење на соодветна прецизна статистичка метода се потврдат идентичните клинички резултати, следен чекор е споредување на останатите трошоци и одбирање на лекот или интервенцијата која е најефтина.

Cost – Effectiveness Analysis (CEA) Се користи при споредба на две или повеќе алтернативни терапии кои немаат подеднаква ефикасност. Резултатите од споредбата на две или повеќе алтернативе не се мерат со монетарни единици.Тие се изразуваат со природни или физички единици (избегнување на компликации, години на квалитетен живот). Кога е јасно дека еден лек е супериорен во однос на друг лек, а истовремено е поефтин, одлуката за ефикасноста е лесно да се сонесе, се избира лекот со поголема терпевтска полза. Овој вид студија мора да даде опис на зголемената добивка во терапевтската придобивка која произлегува од дополнителните трошоци, со цел донесување одлука за тоа дали дополнителната полза од тој лек ги оправдува дополнителните трошоци. Во анализата на трошковната ефикасност аналитичките резултати се резимирани според соодносот на трошоците и ефикасноста.

Cost - Benefit Analysis (CBA)

Претставува релативно нов пристап во овој домен. Оваа анализа нуди можност да се оцени влијанието на лекот или друга терапија врз квалитетот на животот. Анализата на трошковната корисност е едниствениот метод кој овозможува истовременео синтетизирање на повеќе исходи во единствена мерка (влијанието на лековите врз болката на физичкото функционирање). Оваа студија се потпира врз сознанијатаод нормативната теорија за рационално донесување на одлуки во околности на неизвесност. Резимарната мерка за ефикасноста се прикажува преку квалитетно докажани години од животот на пациентите. Оваа мерка се употребува за да се направи споредба помеѓу повеќе стратегии на лекување на лекување на низа различни здравствени проблеми. При тоа треба да се води сметка дека секоја година од животот на пациентот помината со терапија не е еднакво вредна за пациентот. На пример постои разлика помеѓу квалитетот на поминатите години со терапија на пациент со тешко заболување (канцер) и пациент со хипертензија. Поради тоа направена е класификација на квалитетот на поминатите години преку секоја скала која има вредност од 0 до 1. Односно пациентите со одлично здравје се вреднуваат со единица па се до 0 за смрт.

Cost – Utility Analysis (CUA)

За разлика од трите претходно споменати типови анализи, Cost - Utility Analysis (CUA) го искажува својот исход од терапиите преку монетарни, е не физички величини. Поради тоа оваа студија ретко се користи бидејќи се смета дека оваа студија ги нарушува етичкоте принципи, односно човековиот живот се мери преку монетарни методологии и вредности. Правилото базирано на економската одлука е да се избере лек или лекување со највисока нето добивка или најголем сооднос помеѓу добивката и трошоците. Доколку односот помеѓу корисноста и трошокот е поголем од еден, тоа значи дека бенефитот е поголем од трошокот. Во спротивно ако односот бенефит/трошок е помал од едниница тоа значи дека користа е поголема од трошокот. Во случај да се добијат еднакви вредности за придобивката и трошокот тогаш одлуката се базира на други фактори. Иако изборот на опцијатакоја ја дава највисоката нето добивка честопати го дава истиот резултат како опцијата со највисок сооднос помеѓу добивката и трошоците, сепак понекогаш се случува да не важи ова правило.

Најголемата потешкотија при спроведувањето на ваков вид на анализа се јавува при конверзијата на клиничките резултати во монетарни единици.

No comments: