Wednesday, June 11, 2008

fbd

Фармација базирана на докази

Денес, станува се позначајно собирањето и евалуирањето на убедувањата за користноста на квалитетот на услуги што еден фармацевт може да ги пружи. Ваквата евиденција е витална на национално ниво како општествена потреба во убедувањето на Владата за улогата и вредноста на фармацевтите.Фармацевтската пракса треба да се темели на докази што би претставувало подршка на опсегот на се поголемите услуги што ги даваат фармацевтите.Потребно е да се насочиме на клучните области во градењето на иднината, како би се движеле во права насока, односно фармацевтската наука треба да се насочи и во примарната здравствена заштита.

Научната фармацевтска пракса е релативно нова дисциплина. Таа е дефинирана од 1997 како :

Науката која се обидува да ја објасни фармацијата и начинот на кој се применува, односно практицира во согласност со обезбедување на фармацевтско знаење и вештини се користи за постигнување најдобри ефекти во разрешувањето на проблемите на здравствените услуги за потребите на населението и ги подржува целите на фармацевтската пракса. Денес, истражувањата во здравствените услуги и фармацевтската пракса се многу проширени и развиени како нови дисциплини кои доведуваат до промени во националните здравствени системи, информираат за новата пракса и обезбедуваат информации за цената на ефикасност и ефективност на различно здравствено ниво. Како значаен дел на фармацијата базирана на докази е праксата базирана на докази. Cochrane Collaboration е светски раширена мултидисциплинарна мрежа на индивидуи кои се вклучени во здравствената грижа базирана на докази. Едно од најзначајните достигнувања на Cochrane Collaboration е зголемената грижа за неопходни критични пристапи во методологијата на прикажани резултати од различни истражувања во биомедицината и праксата. За брзо идентификување на правите видови на испитувања постојат високи стандарди на пресудување на добиените резултати и е строго дефинирана нивната евиденција. Тоа се :

Ниво 1. Рандомизирани контролирани испитувања

Ниво 2. Поединечно контролиранио испитувања

Ниво 3. Контрола пред и после истражувањата

Ниво 4. Обсервациони податоци.

Со секој тип на метода, постои проверка на листата со цел да се обезбеди целосна вистинитост на барањата за применетата методологија. Дополнително квалитативните истражувачки методи може да помогнат во премостувањето на разликите помеѓу научната пракса и клиничката пракса. Квалитативните докази овозможуваат стриктни режими на секојдневната пракса, што ќе ни помогне во разбирањето на бариерите за користење на медицина базирана на докази и нејзините ограничувања.

Методи за истражување на здравствените услуги

  • Анкетен прашалник
  • Телефонско интервју
  • Проспективни студии
  • Експериментални истражувања

· Истражувања на терен

  • Отворено интервју

Кога станува збор за методите за истражување на здравствените услуги, важни параметри, кои треба да се опфатат се:

ü Евидентирање на интервјуата

ü Тајноста на интервјуто

ü Фокусни групи

Аспекти на здравстена економија

Зголемената улога на фармацевтите во обезбедувањето со лекови на населението претставува важен дел на здравствената економија. Централно место во здравствената економија имаат концептите на ²недостаток², ²избор² и ²цени според можностите². Изворите се ²недоволни² и секој пат кога ќе ²избереме² да ги користиме на еден начин принудени сме да ја искористиме ²можноста² да ги користиме на други начини. Според тоа влијанието од овие три фактори се состои во донесувањето на одлуки како најефикасно користење на здравствените ресурси. Методите на здравствената економија овозможуваат идентификување, мерење и вреднување на трошоците и корисноста од алтернативните системи за обезбедување на лекови. Економијата е инструмент кој помага во правилната локација на недоволните ресурси во обезбедување на здравствената заштита на населението.

No comments: