Wednesday, June 11, 2008

Izvori na informacii

ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ ЗА ЛЕКОВИ

1. Фармакоинформативна евалуација на примарна, секундарна и терциерна литература

Терциерната литература е уште позната како општа литературе,опфаќа книги, прирачници, компендиуми, како и компјутеризирани медицински бази на податоци- Micromedex. Оваа литература се користи како извор на информации бидејќи е лесна за ракување, погодна,концизна, компактна. Претставува погоден извор на информации за помалку детализирани области

Предност е тоа што даваат преглед на темата и претставуваат консензус од повеке мислења ,а не индивидуани погледи. Се користат за брз скрининг на областите кои се од интерес.

Недостатоци:

- Не ецелосна, темата може да не е презентирана доволно детално поради лимитиран процтор во книгата или од степенот на важност што авторот го има дадено за обработуваната тема:

- Информациите може да бидат пристрасни врз основа на интерпретацијата на литературата од страна на авторот;

- Информацијата може да не е благовремена

- Дали авторот има доволно искуство и стручност да пишува на темата;

- Дали фактите се поддржани со цитати.

Терциерната литература според тематиката која ја обработува е поделена на:

- Литература ориентирана кон болестите, нивната етиологија, дијагноза и третман (Harrison’s Principles of Internal Medicine; Merck Manual; Cecil Textbook of Medicine);

- Литераура ориентирана кон терапија со лекови (Phisicians’ Desk Reference; AHFS Drug Information; USP DI vol. I, II, III);

- Специјална терциерна литература (Литература за нескани ефкти - Adverse Drug Reactions; литературе за интеракции на лекови - Drug Interactions; Литература за фармакокинетика - Basic Clinical Pharmacokinetics; Литература за тератогеност Drug in pregnancy and lactation; Литература што сеоднесува на дозирање кај селектирани пациенти: Pediatric Dosage Handbook, Geriatric Dosage Handbook);

- Во терциерна литературе спаѓаат и рецензираните натписи во врска со терапиите на болестите или клиничките аспекти на фармакотерапијата кои можат да го наведат читателот до референци од примарната литература.

Секундарната литература се состои од индексирачки и апстрактни сервиси на примарната литература. Индексрачкиот систем обезбедува само библиографски поадатоци индексирани според тема, додека апстрактниот сервис обезбедува краток опис на информацијата. Секој од нив покрива различни биомедицински списанија, писма, брошури ид р. публикации. Овие системи се достапни преку on-line системите или во облик на CD-ROM. Едни од најчесто користените бази на податоци се Medline i Embase.

Предности:

За многу кратко време може да се направи претрага ид а се дојде до соодветни информации и ефикасен пристап до примарната литература. Поефтино е да се користат он-лине верзии на овие системи отколку дас ме претплатени на часописите кои тие ги покриваат.

Недостатоци:

Генерално го даваат само абстрактот на трудот. Користат софистицирани индекни системи и тој што врши претрага потребно е истиот претходно да го совлада. Исто така овие сервиси не даваат интерпретација на трудовите кои ги содржат.

Примарната литература се состои од научни истражувања објаени во биомедицински списанија кои воедно претставуваат и најнови извори на информации. Примарната литература за разлика од терциерната и секундарната, обезбедува детаил од истражувачките методологии и научни резултати кои водат до терапевтски заклучоци. Корисниците на примарната литература се во состојба да одредуваат дали заклучоците од истражувањето се базираат на истражувачките техники и научните резултати од истражувањето. Во светот годишно се објавуваат повеќе од 20000 биомедицински списанија. Часописите содржат различни типови на информаци: оригинален научен труд, ревијален труд, писма до уредникот, консензуси, корекции на претходно публикувани трудови и реклами.

Предности:

- Оргинални научни трудови

- Рецензирани

- Најнови сознанија

- Голем број на референци

Недостатоци:

- Достапност на часописите

- Ограничен поглед на проблемот

- Читателот мора критички да се осврне на проблемот

Оригиналните трудови објаснуваат нови знаења или промени на веќе постоечките знаења и може да се јават во повеќе форми:

1. Трудови кои презентираат резултати од студиите

2. Абстракт

3. Компонента на симпозиум

4. Писма/коментари

5. Весници

Категории на примарна литература:

- Дескриптивни извештаи: даваат сопствени искуства за заеднички идеи, опишуваат програм, нови третмани и нивни карактеристики. Не ја истражуваат зависноста помеѓу причината и ефектот, ниту даваат хипотези. Можат само да се предложат, но без да ја докажат зависноста.

- Истражувачки студии

· Набљудувачки: ги даваат резултатите од небљудувањето на некои истражувања

· Експеиментални:дизајнирање за одговарање на прашањата на проспективен начин

- Оригинален научен труд

· Предности: оригиналните научни трудови подлежат на рецензија од страна на истакнати експерти од таа област пред да се публикуваат и генерално тие даваат најнови информации во вренето кога се печатени;

· Недостатоци: рецензијата трае определен временски период и постои временска разлика кога научниот труд е даден на печатење и кога е отпечатен (6-8 месеци). Ако рецезентите не се соодветно одбрани, трудот може да не презентира соодветни податоци.

- Ревијални трудови

· Предности: овие трудови ги имаат предностите на книгите и оригиналниот научен труд, затоа што претставуваат преглед на соодветната област и се од најнов датум

· Недостатоци: како и кај книгите, читателот се базира на заклучоците на авторот

Останати извори на информација

- Електронски медиуми (Internet)

Како и кај другите медиуми, критериуми за нивна оценка се: точност, потекло, документација и кредибилитет. Важен фактор за евалуација на сајтот е и неговиот дизајн, организација и достапност до бараните информации.

2. Medline како извор на информации

Medline спага во групата на секундарна литература и претставува апстрактивен сервис кој покрај библиографски податоци за информациите содржи и краток опис на информацијата. Претставува on-line сервис кој содржи, информации сумирани од 3900 медицински списанија, распоредени според однапред определени индексирачки системи (фармакоинформатичарот мора да ги познава),а претрагата се врши со наведување на клучни зборови. Претставува ефтин и брз извор за пронаогање на информацијата.

Medline го изготвува Националната медицинска библиотека во САД и покрива преку 3900 медицински списанија од 75 земји, издадени од 1966година до денес. Информации кои ги дава: Наслов; Автори; Институции; Часописот каде е печатен трудот; Други информации: година, волумен, страници; Абстракт .

Трудовите се индексирани според т.н. наслови за медицинскиот проблем кој е предмет на истражувањето, т.е. Medical Subject Heading (MeSH) vocabulary, кои всушност претставуваат речник за синоними од околу 17000 поими. MeSH насловите за секој труд се одредуваат од страна на спецјалист за индексирањешто се темели на содржината на трудот.

MeSH насловите се распоредени во т.н. структура на “дрво” што означува од поопшти кон поспецифични поими. Пребарувајќи низ оваа структура корисникот доаѓа до специфични наслови, а истовремено и до поопштите.

3. Дефинирај што претставува секундарна литература и наведете ги нејзините предности и негативности. Кои од наведените извори спаѓаат во секундарна литература, опиши какви информации содржат преку прикажување на разликите помеѓу индексирачките и абстрактните сервиси:

- PDR

- Index Medicus

- Medline

- Drug Interactions

Секундарната литература се состои од индексирачки и апстрактни сервиси на примарната литература. Индексрачкиот систем обезбедува само библиографски поадатоци индексирани според тема, додека апстрактниот сервис обезбедува краток опис на информацијата. Секој од нив покрива различни биомедицински списанија, писма, брошури ид р. публикации. Овие системи се достапни преку on-line системите или во облик на CD-ROM. Едни од најчесто користените бази на податоци се Medline i Embase.

- Индексирачки системи се:

Index Medicus i Medline

- Абстарктивни системи се:

Excerpta Medica; International Pharmaceutical Abstracts (IPA); The Iowa Drug Information service (IDIS)

- MicroMedex Information Systems

- Pharmaline

Според тоа, од набројаните извори на информации, во секубдарна литература спаѓаат: Index Medicus и Medline и двете се индексирачки сервиси. Што се однесува до PDR и Drug Interactions , тие спаѓаат во терциерна литература.

Предности:

За многу кратко време може да се направи претрага ид а се дојде до соодветни информации и ефикасен пристап до примарната литература. Поефтино е да се користат он-лине верзии на овие системи отколку дас ме претплатени на часописите кои тие ги покриваат.

Недостатоци:

Генерално го даваат само абстрактот на трудот. Користат софистицирани индекни системи и тој што врши претрага потребно е истиот претходно да го совлада. Исто така овие сервиси не даваат интерпретација на трудовите кои ги содржат.

4. Пребарување во Медлине со Пубмед

5. Во која група на литература спаѓаат Martindale i AHFS Drug Information, објасни какви информации содржат и детално обработи ги групите на литературни извори, предности и недостатоци?

AHFS Drug information

- Дава богати информативни податоци за лековите во формат на монографија. Организиран е според терапевтската класа на лековите. Годишно се обновува со додатоци на три месеци.

- Предности: исклучително корисни и авторитатвни податоци за лековите.

- Недостатоци: лимитирани информации за ОТЦ лековите и комбинирани препарати. Според некои не е лесен за користење. Референците се достапни само на CD-ROM и on-line верзија

Martindale: The Extra Pharmacopoeia

- Дава богати информации за лековите од домашно и странско потекло во формат на монографија. Се обновува на 5 години

- Предности: богат со податоци и референци. Корисен за идентификација на странски продукти, хомеопатски и растителни продукти

- Недостатоци: скап

No comments: