ПОТРОШУВАЧКА НА ЛЕКОВИ
1. Дневно дефинирана доза (дефиниција, единици, ако лекот се дава со различни дози; профилакса или терапија; начин на апликација; фиксни комбинации; на кој начин се следи потрошувачката на лекови).
Дневно дефинирана доза (ДДД) претставува просечна дневна дефинирана доза на лековитата супстанца кога се користи за својата главна индикација.
ДДД се определува од страна на Нордискиот совет за лекови, кој тесно соработува со регионалниот претставник на СЗО за Европа во Копенхаген.
ДДД се прикажува со помош на соодветни тежински единици: g (грам), mg (милиграм),μg (микрограм), mmol (милимол), E (единица), IE (илјада единици), ME (милион единици).
ДДД се темели на доза за возрасни, освен за одделни препарати кои исклучиво се користат за деца. Таму каде дозата се пресметува според телесната тежина, се зема дека возрасен човек тежи 70 килограми, а дете 25 килограми.
За лекови кои се издаваат со почетна висока доза, која се разликува од дозата за одржување, како основа за ДДД се зема дозата за одржување.
Ако лекот се користи за профилакса и за терапија, главно се зема терапевтската доза освен ако главната индикација е јасно профилактицка.
Лекови кои се употребуваат во различни дози, во зависност од начинот на апликација, ДДД се разликува: една вредност се користи за орална, а друга за парентерална апликација. За фиксните кобинации каде дефинираната доза не може да се изрази со тежината на активната супстанција, се искажува како број на поединечни дози (број на капсули, таблети и др. ) кои се користат дневно за да се постигне саканиот ефект.
Потрошувачката во дадена географска област обично се изразува со ДДД на 1000 жители на ден. Овој параметар дава слика за пропорција на жители кои добиваат стандардно лечење со даден лек, секој ден. Ова се употребува за лекови кои се земаат постојано (инсулин, контрацептиви и сл.).
Кога се работи за лекови кои се употребуваат во кратки интервали (антибиотици) се препорачува потрошувачката на лекови да се изрази како ДДД на жител годиШно.
Количина на лек применета во 1 година (mg)*1000жители /ДДД(mg)*365денови*број на жители = ДДД/1000 жители/ден
Број на употребени единици во определен период (mg)*100 кревети/ДДД (mg)* број на денови во периодот*број на кревети*индекс на искористеност на болницата = ДДД/100 болнички денови
Студиите за потрошувачката на лекови што ја користат ДДД употребуваат податоци за издадени или продадени единици лек, но добро е познато дека не сите лекови што доаѓаат до пациентот се употребени.
Големината на населението - обично општата потрошувачка се пресметува на вкупното население (сите старосни групи), но употребата на лекот често пати е сконцентрирана во рамките на извесна специфична група (антихипертензиви, орални контрацептиви, некои вакцини и др.) и поточно е да се земе таа група како иментител.
- Препишана дневна доза
ПДД претставува просечна препишана доза за главната индикација.
ДДД како техничка единица мерка не мора да е еквивалентна со препишаната дневна доза (ПДД), ниту со просечната доза што се зема секојдневно.
ПДД во една заедница варира во зависност од болестите и од националните или регионалните терапевтски традиции. Информациите како што се полот, возраста, единечна или комбинирана терапија се исто така важни за утврдување на ПДД.
Разликата меѓу ПДД и ДДД за некои лекови е мала (антихипертезиви и антидијабетици), но во други случаи таа е значително повисока (аналгетици и психотропни препарати).
1. Кои класификации на лекови ги познаваш и што е причината за нивно воведување? Што претставува ATC (со детален опис) и како се распоредени моно и дво компонентни препарати (прикажано преку примери)?
Осло 1969 год. - прв меѓународен состанок посветен на потрошувачката на лекови (анализата на потрошувачката на лекови е невозможна поради различните применети методи).
Drug Utilization Research Group - да се создаде единствен меѓународен систем на класификација како средство за изведување на компаративни студии.
Два система на класификација опстанаа и зазедоа доминантно место во истражувањето за примената на поедини лекови:
- АТ - Анатомско-Терапевтска класификација
- АТЦ - Анатомско - Терапевтска - Хемиска класификација
Анатомско-Терапевтски (АТ) систем на класификација
Лековите во оваа група се поделени на 14 главни категориив врз основа на кој орган /систем дејствуваат. Првата буква од кодот се однесува на системот на кој лековите делуваат, а потоа следуваат четири бројки кои одговараат на второто и третото ниво на класификација:
Пр. N05A2 Diazepam:
- N - централен нервен систем (прво ниво анатомска група)
- N05 - психолетици (второ ниво, главна терапевтска група)
- N05А2 - транквилизери (трето ниво, терапевтска група)
Комбинираните фармацевтски препарати што содржат две или повеќе активни компоненти, се класифицираат според сви=ојата главна терапевтска употреба.
При употреба на оваа класификација се јавуваат два главни проблеми:
- Не е овозможена идентификација на лекот посебно:
- При класификација на фиксно дозните комбинации, тие се класифицираат според главната индикација, а останатите компоненти остануваат некласифицирани
Анатомско - Терапевтски - Хемиски (АТЦ) систем на класификација
АТЦ системот на класификација е произлезен од концептот на АТ системот, каде лековите се класифицирани во 14 категории и 5 нивоа. Секоја АТЦ ознака се состои од седум буквено - бројчани знакови:
1 ниво - главна анатомската група - се обележува со голема буква
2 ниво - главна терапевтската група - се обележува со двоцифрен број
3 ниво -терапевтско-фармаколошка подгрупа - се обележува со голема буква
4 ниво -хемиско-терапевтско-фармаколошка подгрупа - се обележува со голема буква
5 ниво- хемиска подгрупа (генеричко име) - се обележува со двоцифрен број
Пр. Diazepam
N - централен нервен систем (прво ниво, анатомската група)
N05 - психолептици (второ ниво, главна терапевтската група )
N05B - транквилизери (трето ниво, главна терапевтска подгрупа)
N05BA - бензодиазепини (чеврто ниво, хемиско - терапевтска подгрупа)
N05BA01 - диазепам (петто ниво, хемиска подгрупа)
Распоредување на монокомпонентни лекови по АТЦ класификација
Монокомпонентните лекови кои содржат една активна компонента, а другите компоненти служат само за намалување на несаканите ефекти или з појачување на дејството на главната компонента, се распоредуваат како еднокомпонентни лекови, сместени во групата на главната активна компонента.
Распоредување на двокомпонентни лекови по АТЦ класификација
Лековите кои содржат две или повеќе активни компоненти се рапоредуваат според два основни принципи:
1) Ако комбинираниот лек содржи две или повеќе активни компоненти кои спаѓаат во иста група на 4 ниво, тогаш препаратот на 5 ниво се обележува со 20 или 30
Пр. Ј01СА02 Pivampicilin
Ј01СА 08 Pivmecillinam
Ј01СА 20 Комбинација (Pivampicilin + Pivmecillinam)
2) Ако комбинираниот лек содржи две или повеќе активни компоненти кои спаѓаат во иста главна терапевтска група (второ ниво) се распоредуваат користејќи броеви над 50 во петто ниво
Пр. N05BA01 Diazepam
N05BA51 Diazepam, комбинација
Комбинираните препарати кои содржат психолептици и се класифицирани во групи кои се различни од N05 (психолептици) и N06 (психоаналептици), различно се класифицираат на 4 и 5 ниво, користејќи броеви над 70.
N02BA01 - ацетилсалицилна киселина
N02BA51 - ацетилсалицилна киселина, комбинација без психолептици
N02BA71 - ацетилсалицилна киселина, комбинација со психолептици
2. Квантитативни и квалитативни методи за следење на потрошувачката на лекови.
Квантитативните методи даваат одговор на прашањето “Што се случува?”
Квантитативните методи собираат податоци за бројот на препишаните лекови, дали пациентот го примал лекот, како и за цената на терапијата. Овие методи најчесто се користат да се утврдат тарифи, просечни вредности или други мерки, за да се опише природата на користењето на лекови.
Со овие методи се врши мерење на употребата на лековите во разни средини, вклучувајќи ги болниците, здравствените центри, приватните аптеки и домаќинствата.
С.З.О. и INRUD дефинираат индикатори за полесно и стандардизирано проучување на употребата на лековите, во прирачник.Прирачникот дефинира 12 суштински и 7 дополнителни индикатори.
СЗО - индикатори за следење на употребата на лекови
Индикатори за следење на препишувањето на лековите
1. просечен број на лекови при преглед;
2. процент на лекови, препишани по генеричко име;
3. процент на прегледи на кои се препишани антибиотици ;
4. процент на прегледи на кои се препишани инјекции;
5. процент на лекови препишани од есенцијалната листа на лекови.
Индикатори за здраствената услуга
6. просечно време на консултација;
7. просечно време потребно за издавање на лекови;
8. процент на соодветно означени лекови;
9. процент на издадени лекови;
10. познавања на пациентот за точната доза на лекот.
Индикатори за здравствени средства
11. можност за копија од основната листа на лекови или формулар;
12. можност за добивање на основните лекови
Дополнителни индикатори
13. процент на пациенти кои се лекуваат без лекови;
14. просечна врдност на чинење на лекот при преглед;
15. процент на трошоци за антибиотици;
16. процент на трошоци за инјекции;
17. препишување на лекови во согласност со стандардните терапевтски водичи;
18. процент на здаствени установи кои имаат пристап до независни информации за лековите;
19. процент на пациенти задоволни од медицинската заштита што ја добиле.
Квалитативните методи даваат одговор на прашањето -”Зошто тоа се случува?”
Квалитативните методи се во форма на набљудување, описи, размислување, дискусии и ги опишуваат ставовите и верувањата што лежат во основа на одредени практики.
Квалитативните методи ги проучуваат верувањата, ставовите или мотивациите што се во основа на набљудувачкиот проблем. Тие се темелат на набљудување на однесувањето на луѓето како и поопширно разговарање со нив. Овие методи ги применуваат високо тренирани испитувачи.
Постојат пет корисни техники за прибирање на квалитативни податоци за употреба на лекови:
1) ФОКУСИРАНА ГРУПНА ДИСКУСИЈА
-1,5-2 часа групна дискусија
- водена од трениран испитувач;
- 6-10 испитаници кои се слични по пол, возраст, социјален статус;
- фокусирање на определени листи на теми;
- неформална атмосфера;
- откривање на верување, мислење, ставови
2) ДЕТАЛНО ИНТЕРВЈУ
- семиструктурно опширно интервју со испитаниците;
- испитувачот користи дефинирани отворени прашања;
- обично покрива 10-30 теми;
- откривање на ставови, верувања и знаења;
3) СТРУКТУРНО НАБЉУДУВАЊЕ
- систематско набљудување на вербално и невербално однесување;
- следење на односот пациент - фармацевт;
- обучени испитувачи користат сруктурна снимена форма;
- оценување на актуелното однесување
4) ПРАШАЛНИК
- одредена група на стандардизирани прашања;
- систематско селектирање на исоитениците, за репрезентативно да ја претстават популацијата;
- голем примерок од испитаниците;
- утврдување на ставови, верувања и знаења.
5) АНКЕТА НА СИМУЛИРАН ПАЦИЕНТ
- симулиран пациент се претставува како пациент;
- симулираниот пациент бара третман на некој специфичен проблем;
- прашања, совети, акции од фармацевтот за нега после средбата;
- оценување на актуелното однесување на стандардизиран начин.
4. Кои се причините поради кои се следи потрошувачката на лекови?
Податоци за потрошувачката на лекови се собираат за различни цели, кои можеме да ги групираме во три основни категории:
1) Испитување на примената на лековите:
- Следење на потрошувачката на одредени лекови или фармакотерапевтските групи на лекови;
- Споредба на употребата на лекови по индивидуални здравствени установи или лекари;
- Дали употребата на лекови е клинички оправдана и ефективна;
- Испитување на влијанието на препишувањето, врз фармацевтските трошоци.
2) Утврдување на одделни проблеми при употребата на лекови:
- Откривање на факторите што предизвикуваат одредени проблеми;
- Идентификување и корегирање на проблемите во препишувањето, издавањето или употребата на лекови кај пациентите.
3) Утврдување на прекумерна употреба на лекови:
- Испитување на квалитетот на здравствена услуга во рамките на здравствената установа или географска област;
- Следење на успешноста и ефективноста на препишување на лекови, т.е. рационална примена на лекови.